Расте долгот на граѓаните кај банките во април тие должеле 4,16 милијарди евра
Компаниите и граѓаните на банките во април вкупно им должеле 8,3 милијарди евра, или долгот на граѓаните изнесува 4,1 милијарди евра, а на компаниите нешто над 4 милијарди евра. Вкупните депозити, пак истиот месец изнесувале 9,8 милијарди евра од кои 6,6 милијарди се депозити на граѓаните.
Ова го покажуваат податоците кои ги објави Народната банка.
Граѓаните во април најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбени кредити. Тие бележат месечно зголемување од 0,9% односно од 1,1%,и годишен раст од 9,1% и од 14,0%.