16 Јуни, 2025
0.0269

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2025 09:54

Добивај вести на Viber

Водечките soundbar – звучници од Q-серијата (HW-Q990F и HW-QS700F) обезбедуваат моќни перформанси, користејќи вештачка интелигенција за поголема имерсивност и квалитет на звукот

HW-QS700F се одликува со револуционерен адаптивен дизајн, кој нуди поголема разновидност во секој дом

Samsung Electronics ги претстави своите најнови иновации во домашната аудио технологија со новите soundbar – звучници од Q-серијата (HW-Q990F и HW-QS700F). Овие водечки модели комбинираат најсовремен хардвер со интелигентни функции засилени со AI, дизајнирани да ја подобрат домашната забава со неспоредлив звук.

„Нашите нови soundbar – звучници комбинираат извонреден квалитет на звук со беспрекорна практичност,“ изјави Хун Ли (Hun Lee), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Со напредната AI технологија во HW-Q990F и иновативниот конвертибилен дизајн на HW-QS700F, овие soundbar – звучници лесно се приспособуваат на секоја околина, обезбедувајќи имерсивно и персонализирано аудио искуство за секој корисник.“ 

HW-Q990F: Редефинирање на врвните аудио перформанси

Како наследник на високо ценетиот HW-Q990D, новиот HW-Q990F го подигнува домашното аудио на сосема ново ниво. Опремен е со новоразвиени двојни активни сабвуфери, кои обезбедуваат моќен бас и прецизност во ултра-ниските фреквенции. Дополнително, новиот коцкест дизајн ја намалува големината на сабвуферите на половина од големината на својот претходник, со што се минимизира резонанцијата и совршено се вклопува во модерните ентериери со префинет назабен финиш.

HW-Q990F нуди напредна оптимизација на звукот потпомогната од AI преку следните функции:

·Dynamic Bass Control: Ја подобрува јасноста во ниско-фреквентните опсези преку не-линеарно управување со басот, обезбедувајќи балансиран звук без дисторзија.

·Q-Symphony: Му нуди на корисникот имерсивност со 3D surround звук преку детекција на позицијата на безжичните звучници, како што е Music Frame, автоматски оптимизирајќи ги аудио ефектите според нивното растојание и агол.

·Active Voice Amplifier Pro: Обезбедува анализа на содржината во реално време, намалувајќи ја бучавата во позадина и нагласувајќи го дијалогот за подобрено искуство при гледање. 

Дополнително, HW-Q990F користи Единица за невронска обработка (NPU) на телевизорите на Samsung во режимот Q-Symphony, што го прави дијалогот појасен и обезбедува повеќе имерсивен и синхронизиран звук. 

HW-QS700F: Разновидноста се среќава со елеганцијата и супериорниот звук

HW-QS700F нуди уште поголема разновидност во домашното аудио со својот елегантен дизајн и иновативна гиро-сензорска технологија. Соодветен за поставување на ѕид или на маса, овој soundbar – звучник се прилагодува на просторот на корисникот. Вградениот гиро-сензор автоматски детектира дали е тој поставен вертикално или хоризонтално, автоматски прилагодувајќи го звукот за да обезбеди оптимална јасност и имерсивен звук во било која конфигурација.

Со својот тенок и модерен профил, HW-QS700F се интегрира во секоја просторија. Неговиот адаптивен дизајн нуди флексибилност без да се компромитира стилот, што го прави совршен придружник за поставување на ѕид или на маса. Овој soundbar – звучник нуди аудио искуство кое е исто толку софистицирано како и неговиот дизајн — идеален за корисници кои бараат елеганција и перформанси.

За повеќе информации, посетете Samsung.com/mk.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит