• вторник, 20 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФА Куп: Кристал Палас прв финалист

ФА Куп: Кристал Палас прв финалист

 

Лондон, 26 април 2025 (МИА) - Фудбалерите на Кристал Палас се првите финалисти на овосезонското издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, откако вечерва во полуфиналето на Вембли триумфираа над Астон Вила со 3-0 (1-0).

Еберечи Езе го донесе тимот од јужен Лондон во водство во 31 минута, водството го зголеми Исмаил Сар (58), а истиот играч во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

За Кристал Палас ова е трето финале во ФА Купот во клупската историја.

Вториот финалист ќе биде познат по утрешниот полуфинален дуел меѓу Манчестер Сити и Нотингем Форест. ег

ФОТО: архива

Остани поврзан