Јануари е месец на празници – еве уште колку дена ќе одмараме

|

Бадник, ден пред Божик, 6 јануари (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

Неработен ден за сите граѓани е сабота кога се слави Божиќ.

Овој месец за православните граѓани неработен ден е и 19 јануари, Водици, додека за припадните на српската заедница 27 јануари кога се слави Свети Сава.