Црна хроника
Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, примал поткуп

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10.2023) на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”.
Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.
Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој денеска му ги дал на Д.Т..
Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Скриени во цистерни, запленети 55 штеки цигари, ИТ опрема, 30 илјади евра, соопшти Царинската управа

Во текот на минатата недела, царински службеници и мобилни царински тимови спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови.
Во еден случај, како што соопштија царинските служби, запленети се 30 илјади евра, а спречен бил и нелегален влез на мигранти.
„Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната. Возачот на товарното моторно возило – цистерна, за да може полесно да ги извади штеките цигари ги поврзал со сајла и така ги скрил во цевките, се со цел да избегне плаќање давачки во износ од 81 илјада денари. Против него е поведена соодветна постапка, а штеките цигари и тутунот се запленети“.
Во друг случај на граничен премин Богородица Службата за мобилни скенери при скенирање на товарно моторно возило – цистерна, открила 6 штеки цигари скриени во кабината.
Биле запленети 30 илјади евра што патник сакал нелегално да ги изнесе преку граничен премин Богородица.
„Станува збор за српски државјанин кој со себе носел 40 илјади евра и за кои возачот не поседувал потврда за пријавени платежни средства при влез во државата. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезиденти може слободно да го изнесат од државата, додека останатите 30 илјади евра се задржани.
Службата за мобилен скенер спречи обид за нелегален влез на четири мигранти, државјани на Египет. Мигрантите се пронајдени во просторот за палети на камион со грчки регистарски таблички, на влез во државата, на граничен премин Богородица. Случајот е предаден за понатамошна постапка на полициските службеници од граничниот премин.
Спречен обид за шверц на 540 шишиња вино коишто биле скриени во автобус, пријавен за влез во државата на граничен премин Блаце.
143 резервни делови за возила и 24 литри моторно масло, се пронајдени при контрола на автомобил управуван од албански државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.
Три таблети, две матични плочи и четири читачи на жетони за кафе-апарати се откриени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Блаце“, информира Царинската управа.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гази Баба: влегол во канцеларијата на градоначалникот, во ПМФ и во Шумарскиот факултет

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку тешки кражби и една тешка кражба која останала во обид.
„Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. Најпрво на почетокот на август 2024 насилно откорнал метална решетка на прозорец и од кацеларија на службеникот за внатрешна ревизија одзел лаптоп компјутер вреден 18.000 денари. Потоа, неколку дена подоцна, насилно отворил друг прозорец и од канцеларијата на градоначалникот одзел уште три лаптопи во вкупна вредност од 74.000 денари. Во април годинава, повторно насилно влегол во една од бараките, пребарувал и одзел лаптоп, бормашина и други предмети, вредни вкупно 41.100 денари“, соопшти Обвинителството.
На 19 април 2025 осомничениот насилно ја отворил влезната врата на Миколошката лабораторија на Природно-математичкиот факултет и украл шест лаптоп компјутери и 500 денари, односно вкупната вредност на одземените предмети е 208.576 денари.
Два дена подоцна осомничениот насилно влегол и на Шумарскиот факултет, пребарувал во два кабинети и во читалната, но од непознати причини се откажал од намерата и без да земе ништо го напуштил местото на настанот.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Приведен криминалец во Скопје за издржување на затворска казна од 11 години

Вчера на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје.
Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните, соопшти полицијата.