Карамбол во Казахстан: Речиси 100 возила се судрија поради магла и мраз на патот (ВИДЕО)

3. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карамбол во Казахстан: Речиси 100 возила се судрија поради магла и мраз на патот (ВИДЕО)

Како што јави казахстанската агенција Казинформ, на терен се полицијата и експертите од КазАвтоЗол (националниот оператор за управување со автопат кој се грижи за безбедноста во сообраќајот).

Масовниот верижен судир се случил во 13 часот и 28 минути по локално време, поради непочитување на ограничувањето на брзината и безбедното растојание, на 153-от километар од патот Астана-Шучинск кај селото Жанаталап.

Не е соопштено дали има повредени во верижниот судир, кој се случил во регионот Акмола.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата