Протестниот марш организиран од иницијативата Обединети против фашизмот започна во четири хрватски градови – Загреб, Риека, Пула и Задар во 12 часот. Колоната, која има неколку илјади учесници, тргна од плоштадот Крал Томислав кон центарот на градот со гласни извици и скандирања: „Смрт на фашизмот, љубов во соседството“. Во протестната колона во Загреб е и пратеничката Рада Бориќ, која носи транспарент со пораката „Жените против фашизмот“. ...
Неколку илјади луѓе се собраа во Загреб во неделата на антифашистичкиот марш во знак на протест против подемот на ревизионизмот од Втората светска војна и десничарските ставови во Хрватска. Во текот на изминатите месеци, десничарските националисти сè повеќе се обидуваат да ја наметнат својата агенда во таа земја, со чести инциденти насочени против членовите на српското малцинство и јавна употреба на поздрави од проусташкиот режим од Втората ...

