• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Комунална хигиена Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување

Комунална хигиена Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување

9 јуни 2025 

Лицемерие и евтин театар од В.Д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески. Полу градоначалникот Митески без легитимитет се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување на ЈП Комунална хигиена Скопје. 

ЈП Комунална хигиена работи според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Планот го спроведува управниот одбор составен од ВМРО и ВЛЕН, предводен од Јулијана Спировска функционерка на ВМРО и криминалка осудена за убиство.

Кога ВД градоначалникот Митески ги повикува граѓаните да фрлаат кабаст отпад, треба да знае и дека законот го обврзува да го собира тој отпад.
А кога на слика се гледаат гарнитури и мебел од нечија дневна соба– тоа е обврска на службите кои тој ги раководи.

Ако навистина ви беше Митески до хигиена – ќе побаравте од осудената криминалка за убиство и претседателка на Управниот одбор на Комунална хигиена, Јулијана Спировска и од вашиот Совет на град Скопје да си ја завршат работата. Но, на Митески кога целта му е да избегне одговорност, вистината не му е важна.

ЈП Комунална хигиена Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан