Магазин

Од ракометар до модел – Мартин Сипковски заминува во позната турска модна агенција (Фото)

Екс ракометарот на Вардар, Мартин Сипковски (19 години) е првиот македонец кој потпиша договор со престижната модна агенција Даман од Истанбул. Висок е 186 см, а тежок 70 килограми. Тој е студент на факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје.

Поради повредата на вратот Мартин се откажува од неговата најголема љубов ракометот.Ова младо момче од скопски Аеродром веќе на големо се подготвува да ги освои модните писти, а неговото заминување во Истанбул, Турција ќе го искористи за кастинзи за повеќе модни куќи и брендови за машка мода.

Инаку, агенцијата Дамен е матична куќа на многу светски топ модели. Мартин е првиот македонец кој успеа да влезе во потесниот круг на момчиња кои сакат да се занимаваат со моделинг.

Можеби ќе ве интересира: