Нови проблеми за организаторот на Светското клупско првенство, Соединетите Американски Држави.
Откако пред некој ден поради најава за лошо време мораше да биде прекинат мечот меѓу Палмеирас и Ал Ахли, сега повторно проблеми за домаќинот.
Имено, Бенфика и Оукленд играа меѓусебен натпревар во Oрландо. По првиот дел Португалците имаат водство од 1-0, а на самиот старт на вториот дел главниот судија на мечот одлучи фудбалерите да не се појават на теренот и да почекаат да помине невремето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА