Дали на Апасиев му одговара тесно крукче на истомисленици и потврдни главоклатачи, прашува Роберт Милески кој реагира на објавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев зошто го немало по телевизии.
- Апасиев се буни зошто го немало по телевизии, цензура било. Другар Димче, а не е цензура тоа што на секоја твоја објава на кој било профил е забрането да се коментира? Или ти одговара тесно кругче на истомисленици и потврдни главоклатачи!? – вели Милески.
Претходно Апасиев објави статус во кој се пожали дека Левица била цензурирана.
- Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кои петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол ЕУР за владини реклами. Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот. У круг.. Сета среќа што живееме во време на социјални медиуми, па гласот на Левица не може да биде замолчен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата