Тешка сообраќајна несреќа, двајца малолетници итно пренесени во болница

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајка откако со мотоцикл излетале од пат.

Според информациите на МВР, вчера во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила,

мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде