08.06.2025 19:58
Вести Свет

Израел соопшти дека го запира влезот на секаква хуманитарна помош за Појасот Газа

Израел денеска објави дека го прекинува пристапот на секаква хуманитарна помош за палестинското население во Појасот Газа.

Одлуката ја носи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се вели во официјалното соопштение од неговиот кабинет.

Во соопштението не се наведени детали, но се предупредува дека ќе има „натамошни последици“ доколку радикалното палестинско движење „Хамас“ не го прифати американскиот план за продолжување на примирјето меѓу Израел и Појасот Газа, пренесоа агенцииите.

„Нема прекин на огнот без ослободување на нашите заложници“, се наведува во изјавата на Нетанјаху објавена од неговата канцеларија.

Договорот за прекин на огнот меѓу завојуваните страни стапи на сила на 19 јануари. Неговата прва етапа заврши синоќа.

Израел и Хамас се уште не се договориле за втората фаза.

Предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стивен Виткоф, е за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха.

Според планот на Виткоф, половина од израелските заложници кои останаа во Газа – и живи и мртви – треба да бидат ослободени на првиот ден од втората фаза од прекинот на огнот. Се превидува преостанатите заложници Хамас да ги предаде откако ќе биде договорен траен прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе