Општо

На платото на УКИМ студенти и професори оддадоа почит за жртвите

Автор: Bloomberg Adria

17 март 2025, 13:59

Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет

Собири во чест на загинатите и повредените ќе се одржуваат напладне и во наредните четири дена

На платото на УКИМ студенти и професори оддадоа почит за жртвите

МИА

Bloomberg Adria

На платото на УКИМ се одржа Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани.

Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти од кои беше исполнет кампусот на УКИМ.

МИА
 

Со кратки говори на сочувство се обратија ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

МИА
 

Студенти во редици чекаат да запалат свеќи за покој на загинатите во пожарот, да положат цвеќе и да остават пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред Филозофскиот факултет. Донираните средства ќе бидат предадени на Црвениот крст. Пред Правниот факултет, пак, е отворена Книга на жалост.

МИА
 

Вакви собири ќе се одржуваат напладне и во наредните четири дена.

Претседателот на УСС на УКИМ, Александар Николовски, соопшти дека утре собир ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје, па студентите и сите заинтересирани граѓани ќе се упатат кон Кочани.

Обраќањата на Ангелова и Јаневска накратко беа прекинати за да биде интервениграно со итна медицинска помош за студенти на кои им се слошило. 

Сите новости од рубриката Политика

Политика

Накратко од светот: Убиени претставници на израелската амбасада во Вашингтон
Општо

Накратко од светот: Убиени претставници на израелската амбасада во Вашингтон

Обединетото Кралство го засили притисокот врз своите сојузници од Г7 да се согласат на ограничување на цената на руската нафта, тврдејќи дека тој потег е потребен за да се изврши дополнителен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.

пред 11 час

Автор: Bloomberg Adria

Накратко од светот - цените на нафтата растат, европските фјучерси се претежно во зелено
Општо

Накратко од светот - цените на нафтата растат, европските фјучерси се претежно во зелено

Тензиите на Блискиот Исток доведоа до раст на цените на нафтата, а швајцарскиот франк, кој многу инвеститори го сметаат за безбедно засолниште, исто така доби на вредност.

21.05.2025

Автор: Bloomberg Adria

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите