Албанска радиотелевизија на социјалните мрежи ја призна привремената кражба на нејзината сметка и објави дека се работи на враќање на кибер безбедноста и бришење на објавите со несоодветна содржина.
„Нашата сметка беше предмет на кибер напад, што предизвика неавторизирани објави. Работиме на враќање на безбедноста и бришење на секаква несоодветна содржина. Ве советуваме да не комуницирате со сомнителни објави и да пријавувате секаква необична активност. Ви благодариме за разбирањето“, се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на Радио Телевизија Албанија на Фејсбук.
Во меѓувреме косовските медиуми тврдат дека веб-страницата била нападната од српски хакери, кои откако ја презеле, почнале да објавуваат лажни вести и наслови: „Албанија го повлекува признавањето на Косово“ со фотографија на премиерот Еди Рама, „Косово е Србија“, беа само дел од насловите што беа објавени на официјалната веб-страна на РТШ, посочуваат албанските медиуми. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата