logo
logo
logo

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Vecer | 29.04.2025

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm Feel Your Beauty. Во сабота, на 24 мај од 12:00 до 18:00 часот, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе стане местото за средба на убавина, интерактивни работилници, beauty совети и врвна забава!

Како трендсетер на пазарот, dm не само што нуди иновативни производи и услуги, туку и создава платформа за изразување и креативност. Па така, на едно место ќе бидат собрани едни од најпознатите брендови за шминка, нега на лице и коса, но и природна козметика во уникатната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски“.

Навреме својата влезница, бидејќи бројот на места е ограничен

Брендови што учествуваат на настанот се: Balea, alverde, dmBio, sundance, NIVEA, L’Oréal Paris, GARNIER, MAX FACTOR, syoss, essence, AFRODITA, HADA LABO, ziaja, Neutrogena, AURA, Dove, PANTENE, Bioten, Colgate.

За да бидете дел од овој незаборавен настан, сè што е потребно е да ја обезбедите навреме својата влезница, бидејќи бројот на места е ограничен.

Продажбата на влезници е веќе започната и може да ги купите на mktickets.mk и karti.com.mk .

Со секоја влезница за настанот добивате: подарок dm торба, подарок производ од 19 брендови учесници на настанот, бесплатен оброк и пијалак!

Што ве очекува на настанот?

• 19 катчиња за убавина со 19 брендови што учествуваат на настанот, кои за секој посетител ќе обезбедат атрактивни подароци и советувања

• Можност за бесплатно одредување на типот на кожа, бесплатен маникир и бесплатна персонализирана анализа на боја што ќе ви помогне да откриете кои нијанси најмногу му одговараат на вашиот тен, коса и боја на очи

• Забавни активности на штандовите: игри, активации и промоција на производи

• Можност за учество во работилници: изработка на лосиони и балсами за усни, изработка на dream catchers

• Одлична забава, катче за сликање и зона за опуштање.

Замислен како манифестација од саемски тип, настанот на dm – Find Your Beauty – на присутните ќе им овозможи од сосема нов агол да се запознаат со различните брендови, да добијат разновидни подароци и да освојат вредни награди преку разни активации.

Со својата посветеност на квалитет, одржливост и инклузивност, dm ја поставува рамката за идните трендови во индустријата за убавина. Овој настан е одраз на визијата на dm за убавина – да биде достапна, разновидна и инспиративна за сите.

Обезбедете ја навреме вашата влезница и се гледаме на 24 мај!

*Сите содржини и производи на настанот се комплетно бесплатни, а настанот ќе се снима и ќе се фотографира за објавување во медиуми и на каналите на dm.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk