02.06.2025 08:47
Вести Македонија

Повици за лидерска средба и анкетна комисија

Лидерска средба на која ќе презентира план што треба да се направи во следниот период за државата и за семејствата од Кочани, ќе побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Од оваа партија  бараат да се разговара за вистински реформи во правосудството, промени во здравствениот систем, почеток на изградбата на Клиничкиот центар, суштински промени во образованието, дуплирање на примањата на наставниците и промена во системот на јавната администрација.

Од оваа партија најавија дека ќе бараат  и анкетна комисија за утврдување на одговорност. Ова е и барање на ДУИ, кои денеска го дополнија со нов момент- Европската Комисија да испрати тим од експерти кои ќе ја следат истрагата, за што е во притвор и нивниот поранешен министер,Крешник Бектеши.

Од коалицијата „Вреди„ им одговорија дека нема да дозволат манипулации со вистината од креаторите на корумпираниот систем.

Од владата побараа сериозен пристап кон сериозни ситуации.

Досега ниту една анкетна комисија во Собранието немала конкретен епилог. Анкетната комисија, формирана за случајот „Онкологија„,заврши без официјални заклучоци, поради дијаметрално спротивставените ставови на нејзините членови. За модуларната болница, „Беса транс„ и „Дурмо турс„, не беа формирани посебни комисии. Се обиде да заседава постојната анкетна комисија за заштита на човековите права, но не успеа затоа што пратениците од СДСМ и ДУИ не се појавија и немаше кворум за работа.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло – Временска прогноза за 3.6.2025

Дејан Дејан

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе