Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување.

Ова денеска на прес конференција го истакнаа деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

Како што велат, за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите за што биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози, а вклучени биле и тимови од МВР.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.

„Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација“, истакна Станков.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното