• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Словачка и Португалија бараат помош од Кипар за евакуација на граѓани од Израел

Словачка и Португалија бараат помош од Кипар за евакуација на граѓани од Израел

Никозија, 16 јуни 2025 (МИА) - Кипарските власти добиле барање од Словачка и Португалија за помош при евакуација на нивни граѓани од Блискиот Исток, особено од Израел, во рамки на планот за итни дејства ЕСТИЈА, соопшти портпаролот на кипарското МНР, Теодорос Гоцис.

- Во комуникација сме со двете земји за да видиме како можеме да помогнеме во нивните барања, рече Гоцис.

Во однос на кипарските државјани во регионот, информира дека тројца постојани жители на Иран побарале враќање во Кипар. Исто така, двајца пациенти кои се лекувале во Израел веќе се вратиле, додека уште 10 пациенти и 14 придружници остануваат таму. Дополнително, 19 кипарски туристи изразиле желба да бидат евакуирани.

Според портпаролот, повеќето од 2.427 патници кои слетаа во Кипар поради пренасочени летови кон Израел, веќе се враќаат во своите земји.

Планот ЕСТИЈА беше активиран во октомври 2023 година по нападот на Хамас врз Израел и ескалацијата на конфликтот во Газа. Поради географската положба, Кипар е клучен пункт за хуманитарни операции. ссм/

фото: архива

Остани поврзан