Поврзете се со нас

Италија

Морати за проблемот на Интер: Многу чудно, не требаше…

Објавено

на

Масимо Морати е дел од историјата на Интер, човек кој долго време беше прв човек на клубот, човек кој вложи огромни финансиски средства клубот да биде на врвот или први самиот врв како во Италија така и во Европа.

Интер е клубот на неговиот живот и секако дека посакува истиот да биде успешен, да освојува титули, но останува да се види што ќе се случи до крајот на оваа тековна сезона. Клубот од Милано „до вчера“ беше во игра за тројната круна, меѓутоа за краток временски период се сруши тој сон, прво од Милан кој им зема мерка во полуфиналето на Купот на Италија, а вчерашниот пораз од Рома донесе неволја и во домашниот шампионат каде сега има минус три во однос на Наполи на четири кола до крајот.

Морати се врати назад во времето и говореше за освоената историска тројна круна во 2010 година, ама и направи споредба со ситуацијата во која Интер беше до пред некој ден и каде тој го виде проблемот.

-Бев воодушевен на денот на тројната круна, но добив впечаток дека чувството беше различно од она што се очекуваше да биде. Постигнавте резултат за кој мислевте дека ќе биде потежок. Штом победите, мислите автоматски одат на она што следи. Постигнувањето на навидум невозможното всушност одзема дел од вашата среќа, -вели Морати и додава:

-Она што ми е многу чудно е што толку многу се зборуваше за тројната круна. Во мое време, никогаш не се зборуваше за тројната круна. Кога победивме, тогаш сфативме дека е тројна круна. Тоа не беше опсесија каква што е сега. Поразот во Купот на Италија беше многу разочарувачки. Интер страдаше од конфузија околу многуте цели, има малку замор, па мислам дека Наполи има поголеми шанси да ја освои титулата во Серија А. Сето тоа е благодарение на Антонио Конте, секако, -порача легендарниот претсетдател на калчолигашот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни