06 Јуни, 2025
0.0332

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 18:25

Добивај вести на Viber

Повеќе американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради царините. Дванаесет држави вчера поднесоа тужба. 

Меѓу оние кои тужат се Орегон, Аризона, Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Мејн, Минесота, Невада, Њу Мексико, Њујорк и Вермонт.

Јавниот обвинител на Аризона, Крис Мејс, ги нарече тарифните политики на Трамп „лудост“, додавајќи дека тие се „економски неодговорни и незаконски“.

Во тужбата пишува дека политиките на Трамп се резултат на неговата „каприциозност, а не легитимно практикување на власта“ и го оспорува тврдењето на претседателот дека може произволно да воведува тарифи според Меѓународниот акт за економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA). Тие бараат од судот да ги прогласи тарифите за незаконски и да и наложи на федералната влада и нејзините службеници да престанат да ги спроведуваат.

Минатата недела, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, поднесе посебна тужба против администрацијата на Трамп пред федералниот суд во северниот округ на Калифорнија, тврдејќи дека неговата држава, може да изгуби милијарди долари приход поради тарифната политика.

На почетокот на месецов, Трамп воведе царини за земјите од ЕУ и за Кина. 

Американските граѓани со загриженост ги следат случувањата во политичкиот и економскиот сектор, при што администрацијата на Трамп не успеа да се избори со инфлацијата и да ги зголеми приходите на граѓаните, како што вети, а гласачите и дадоа низок рејтинг, според истражувањето на Ројтерс/Ипсос.

Само 37 отсто од испитаниците во оваа анкета го одобруваат начинот на кој Трамп управува со економијата. 

Можеби ќе ве интересира

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

До летото уште две недели, ќе се пушта дел од автопатот Кичево - Охрид

До летото уште две недели, ќе се пушта дел од автопатот Кичево - Охрид

Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет

Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет