Тажно е што го кажала тоа: Жена нападна тинејџерка и нејзината мајка поради гостим за капење, спомена и силување (ВИДЕО)

Тажно е што го кажала тоа: Жена нападна тинејџерка и нејзината мајка поради гостим за капење, спомена и силување (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Видеото кое кружи на ТикТок го имаат погледнато повеќе од милион луѓе, а она што е кажано е шокантно...

Една мајка со својата 13-годишна ќерка требало да помине еден безгрижен ден на плажа.

Но, наместо да се капат, сончаат и уживаат, мајката и ќерката доживеале едно неудобно искуство. Имено, на плажата била уште една мајка со 4-годишениот син и почнала да вика по нив две, поради костимот за капење кој го носела младата девојка.

„Каква мајка си ти што дозволуваш твојата ќерка да носи танги и да го покажува задникот во близина на мојот 4-годишен син?“ - викала вознемирената жена.

Мајката на тинејџерката цело време го снимала тоа однесување и застанала во одбрана на својата ќерка, велејќи дека носи нормален костим за капење и дека тоа е во ред, бидејќи се на плажа. Дури и тинејџерката, која била вознемирена од ваквите коментари, се заложила за себе, викајќи дека не носи танга.

На луѓето кои биле во тој момент на плажа им станало неудобно, особено затоа што мајката на 4-годишниот син се заканила и физички.

Видеото на ТикТок има повеќе од 1 милион прегледи, очигледно поради она што вознемирената жена им го кажала на мајката и тинејџерката.

„Ако мојот син ја силува твојата ќерка кога ќе порасне, тоа не е мој проблем“ - кажала таа.

Можно е да била во алкохолозирана состојба, како што се сомневаат корисниците на ТикТок, но уште потажно е тоа што од устата на една жена излегуваат тврдења дека девојката со својот начин на облекување поттикнува силување. Тоа е мит кој треба да се побие, дека жртвите на сексулано насилство се виновни поради облеката која ја носеле.

„Смета дека костимот не ѝ е непристоен, но очигледно немала проблем да користи прости зборови пред мали деца“ - искоментира еден корисник.

фото: Принскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира:


Кликнете 'Like' и станете наш пријател.
Почекајте 10 секунди.