Вестбрук се брукаше…. (ВИДЕО)

Расел Вестбрук имаше неверојатно промашување изминатава ноќ во плејофот од НБА лигата.

Денвер загуби од ЛА Клиперс а еден од клучните моменти беше промашувањето на Расел Вестбрук на околу две минути пред крајот на натпреварот.

Клиперси водеа со 107-101 кога Расел Вестбрук прекина една контра на противникот и имаше можност за лесно поентирање. Но, следеше шокантно промашување од страна на Расел Вестбрук, кој не ја смести топката во кошот, за да на спротивната страна следеше тројка од страна на Норман Пауел.

Па, место -4, Денвер имаше -9, а потоа го загуби шестиот натпревар против Клиперсите… На крај патникот во следната рунда од плејофот ќе се одлучува во седми натпревар во Денвер.

Се вчитува...