Актерката Софи Нивид почина на 25-годишна возраст
Софи Нивид на публиката и е најпозната по улогата на девојчето Џеки во филмот „Мамут“ од 2009 година.
Како што пишува CNN, таа починала на 25 години, а тажната вест ја потврди нејзиното семејство.
„Таа постојано пишуваше и црташе, а нејзината уметност ја открива длабочината на нејзината личност, но и болката што ја носеше. Нејзините дела и записи се мапа на нејзините борби и трауми. И покрај тие мапи, дијагнози и нејзините сопствени сознанија, секој што се обиде да и помогне, семејството, терапевтите, органите на редот, денес се уништени затоа што не успеаја да ја спасат.
Самоиницијативно земаше лекови за да се справи со траумата и срамот што ги носеше внатре, што на крајот доведе до нејзината смрт. Таа постојано кажуваше дека сама ќе се бори и упорно одбиваше помош“, велат тие.
Истакнаа и дека изгледала посреќна на снимањето, кога го снимала филмот, станувајќи некоја друга личност.
„Тоа беше нејзиното безбедно место и уживаше да биде со актерската екипа и екипата кои го негуваа нејзиниот талент и благосостојба. Беше авантуристка и ги научи обичаите, па дури и јазикот на кое било место што го посетуваше“, се додава во соопштението.
Софи Нивид е родена на 8 јули 2000 година, а љубовта кон актерството и ја пренесе нејзината мајка Шели Гибсон, која исто така беше актерка. Покрај продукцијата „Мамут“, Софи глумеше и во филмовите „Ноа“, „Невидливиот знак“, „Бела“ и други.