Принцот Вилијам наводно требало да има друго име, но неговата мајка, принцезата Дијана, успеала да го истера своето, и покрај инсистирањето на Чарлс.
Имено, бракот на Чарлс и Дијана не бил на стабилна основа, а една од главните причини е што сите овие години бил вљубен во својата сегашна сопруга Камила Паркер.
Дијана ги слушнала неколку пати кога разговарале на телефон, а наводно и се пожалила на самата кралица Елизабета за однесувањето на нејзиниот син. Меѓутоа, кога Дијана била бремена со Вилијам, Чарлс по секоја цена сакал да го именува својот син Артур.
Еден од авторите на кралската биографија, Роберт Лејси, изјави за магазинот People дека Дијана сака помалку цврсто име за нејзиниот син. Сепак, една од главните причини наводно била тоа што Чарлс еднаш и рекол на Камила дека би сакал таа да му роди деца, а синот ќе го именува Артур. Очигледно, Дијана го слушнала тоа и немаше апсолутно никакво прашање да го користат тоа име за нивното првороденче.
– Со сите сили инсистираше тоа да биде Вилијам, иако никогаш не му откри дека знаела за неговиот разговор со Камила – додал Роберт.
Средните имиња на Вилијам се Филип, по сега починатиот принц и дедо Филип, и Луис, по лордот Луис Маунтбатен.