Подгответе се за грмежи и пороен дожд: Еве какво време ја очекува Македонија во следниов период

МЕТЕО АНАЛИЗА НА СЛАВЧО ПОПОСКИ

Денес (вторник 27 мај) во западните предели од нашата Македонија, а во четврток (29 мај) на повеќе места во попладневните часови ќе има

развој на конвективни грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион, особено во четврток (29 мај) во попладневните часови ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 денес (вторник 27 мај) а во четврток (29 мај) ќе имаме малку пониски максимални дневни температури, кои ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 26 степени денес (вторник 27 мај) и до околу 20 степени во четврток (29 мај).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде