Рускиот психолог Михал Лабковски е еден од најпознатите психолози на денешницата, според магазинот „Форбс“. По 30 години работа со семејства, сфатил дека однесувањето на родителите има најголемо влијание врз развојот на детето. Затоа заклучил дека само среќните родители можат да воспитаат среќно дете.
„За детето да може да си постави добри цели и да ги постигне, му требаат родители кои со пример ќе му покажат како се прави тоа. Сакајте го вашето дете онакво како што е“, ги советува тој родителите.
Исто така, забележува дека родителите никогаш не треба да ги преземаат обврските на своето дете, особено кога станува збор за училиштето. „Кога добива домашна задача, детето мора да разбере дека таа домашна задача е негова должност. Родителот може да помогне кога детето ќе има проблеми, но не и да понуди да направи сè за детето“, посочува тој.

Неговата најважна порака до родителите е да го сакаат своето дете, но не и да го кројат по своја мерка.
„Сите тие амбиции и барања кои родителот ги поставува кон своето дете, од свои причини, се само показатели за сопственото незадоволство. Имајте на ум дека малите деца не лажат, тоа почнуваат да го прават како што поминуваат годините, бидејќи се така научени. Не правете од детето личност која секогаш ќе зависи од другите“, вели тој.