Европски купови
Фленсбург издоминира во финалето и ја одбрани титулата во Европската лига на ЕХФ

Фленсбург ја одбрани честа на Германците и успеа да излезе како победник во големото финале на Европската лига на ЕХФ, натпреварување кое својот завршен чин го имаше вечерва во Хамбург.
Фајнал-фор турнирот во германскиот град заврши со победа на Фленсбург на завршниот меч, и тоа во пресметка која беше едносмерна од почетокот до самиот крај.
Монпелје успеваше да има минимална предност само во првите седум напади и последно водеше со 4:3, по што почна доминација на Германците кои ги преземаа работите во свои раце.
Ракометарите на Фленсбург се наметнаа со агресивниот пристап во одбрана и во напад и брзо се одлепија на плус шест, па веќе до крајот на полувреме стана јасно дека Французите ќе имаат пеколно тешка задача во Хамбург.
Вториот дел не донесе ништо поинакво и продолжи доминантната игра на Фленсбург, при што највисоката предност беше онаа од 31:21 на неколку минути пред крајот.
Во самата завршница, очекувано имаше мало опуштање и Монплеје се избори за малку подостоен пораз од 32:25, но тоа не спречи да видиме германско славје и освоена титула за Фленсбург, втораво низа по онаа минатата година.
Претходно се одигра и „малото финале“ во Европската лига, а во германската пресметка Кил беше подобар од Мелсунген со 37:31 и го освои бронзениот медал.
-
Свет19 часа
Милан со супер ефикасна партија го сруши Ливерпул пред 50.000 гледачи во Хонг Конг (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Леао атрактивниот гол против Ливерпул му го посвети на Жота (ВИДЕО)
-
Италија24 часа
Интер ја зголемил понудата за Лукман, но се откажал од друго потенцијално засилување
-
Англија21 час
Слот без две ѕвезди на дуелот со Милан, медиумите најавуваат дека се на чекор до разделба со „црвените“
-
Балкан12 часа
Арнаутовиќ застана пред северната трибина на „Маракана“ и ја слушаше песната на „Делии“ за Михајловиќ (Видео)
-
Македонија19 часа
Тордарсон: Лазаров ќе ме научи многу, доаѓам во земја која сака и знае ракомет
-
Италија16 часа
Трето летно засилување за „волчицата“: Гасперини осигура фудбалер кој не успеа да го привлече во Аталанта (Видео)
-
Англија14 часа
Мамардашвили и Цимикас направија аматерска грешка, Ливерпул прими смешен гол од Милан (Видео)