Србија е во големото финале: Паднаа и sвездите на Канада!

t

Селекцијата на Србија ќе игра за златниот медал на Светското првенство (СП) во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако во денешното прво полуфинале во Манила им одржа лекција на ѕвездите од Канада (95-86), со фантастична игра што ја постави „старецот“ Светислав Пешиќ, особено во одбраната.

Нашиот северен сосед апсолутно заслужено дојде до финалето, покажувајќи дека без разлика на многуте отсустни кошаркари, сепак, на располагање има адекватни замени, кои го оставија срцето на паркетот против репрезентацијата која покажа можеби најмногу досега на Мундобаскетот. Српскиот триумф е апсолутно заслужен, со оглед на константното водство во речиси целиот меч и тоа најчесто со двоцифрена разлика во клучните моменти од второто полувреме.

Бодан Богдановиќ повторно одигра докторски, беше вистински лидер и најефикасен со 23 поени, додека веднаш зад него беа Никола Милутинов со 16 поени и 10 скока и Огњен Добриќ со 16 поени. Ар-Џек Берет со 23 поени беше најпрецизен кај Канада.

Србија за епитетот светски првак ќе се бори со подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу САД и Германија (14.30 часот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…

На граничниот премин Табановце за влез во…

„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…

„Државата ме остави без да го хоспитализира…