Анхоч,
во соработка со Комикс МК (
comics.mk)
, со огромно задоволство и гордост го
најавија првиот турнир за сите љубители на Теккен 8 во Македонија. Датум: 27.01.2024 со почеток во 12:00ч.
Локација: Capitoll Mall – Аеродром, Скопје, 2ри кат.
Ова не е обичен турнир, туку 5 часовна мега забава исполнета со
изненадувања, топли прегратки, танцување и боречки вештини и секако фантастични
награди.
Забавата и
одличните награди се загарантирани и за учесниците но и за целата публика.
Се започнува на
27.01.2024 во 12:00
ч со
непобедливата енергија на единствениот Марко
Новески (
marko
noveski)
кој ќе Ве води низ
целиот настан. Она што може да
го очекувате:
· Награди за најдобрите 3 натпреварувачи:
o
Прво
место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 12.000 денари
o
Второ
место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 6.000 денари
o
Трето
место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 3.000 денари
o
Натпреварот
ќе биде координиран и изведен во светски рамки, со добро познат Координатор и
Судија од нашиот простор.
· Награди за посетителите и оние кои ќе бидат со нас (Iron Fist Hour, односно Часот на Челичната Рака) :
· Уникатен косплеј:
Фантастичните Ива - Avi Cosplay (
avicosplay)
и Мартин
Соколовски (martin.2jz) ќе бидат облечени во улога на едни од главните ликови во новото издание на
играта Теккен 8 – Лили и Џин. Ќе имате шанса и да се сликате со нив, а можеби да дознаете и некоја тајна
за Лили и Џин.
·
Сето
ова ќе биде зачинето и со можност да видите уникатни боречки вештини од страна
на веќе докажани мајстори во оваа област, односно:
Школа за Изворни
Јапонски Борбени Вештини и Култура
Ги очекуваме
сите љубители на Теккен но и секој кој сака да биде дел од уникатен настан
каков што заслужува нашата гејминг заедница на заедничка забава и дружење.
Ние потврдуваме
присуство а вие?