Поврзете се со нас

Свет

Евра најави ММА деби, побара и конкретен ривал во октагонот: Може и да ме гризне…

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/patrice.evra

Поранешниот француски репрезентативец, Патрис Евра, потврди дека ќе дебитира во ММА и ќе се натпреварува во рамките на турнирот на „Профешнл фајтерс лигата“ кој ќе се одржи во Париз.

Евра кој освои многу трофеи како фудбалер, решил да го исполни ветувањето и ќе се појави во октагонот против ривал кој допрва ќе биде објавен од страна на организаторот.

Арената во Париз сигурно ќе биде преполна за атрактивниот ММА настан, а Евра со своето појавување дополнително ќе го привлече вниманието на боречките вештини.

– Играв на најголемите и најважните стадиони, ги освоив сите можни трофеи, но оваа вечер во Париз ќе биде специјална за мене.

– Тренирам со години заедно со најдобрите во оваа вештина и тие ќе ви кажат дека сум подготвен да предизвикам шоу.

– Ме прашуваат против кого би се борел, а јас велам Луис Суарез. Ќе платам и од свој џеб, а може и да ме гризне, – рекол Евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни