Брошевите можеби одамна важеа за моден детаљ што се носи по пропишани правила и на точно определено место, но денес овој мал и прилично моќен "печат" има широлик дизајн и употреба.
Сепак, она што е интересно е како еден мини брош може во целост да ја трансформира облеката, односно да ѝ даде едно сосем поинакво значење.
Несомнено е дека малиот моден детаљ има моќен израз.
И ако во минатото брошот беше сопатник на формални случувања, сега се носи со секаков аутфит, па дури и на тренерки.
Всушност не постои правилен начин на носење, а тоа може да го поткрепиме со брошот на спортскиот костим на Ријана за време на настапот на Супербол.
Брошот беше доста актуелен и на неодамнешната модна недела во Њујорк, каде освен жени го носеа и мажи.
Ако сте расположени за внесете ваков детаљ во вашиот стајлинг, тогаш треба да знаете дека нема правило на носење.
Единствено правило е да го одберете моделот со кој што сакате да го истакнете вашиот став, без разлика дали е моден или не.
Подеднакво ќе го краси вашиот капут, блејзер, кошула, фустан, маичка....сè додека вие се чувствувате комотно.
Фото: Pinterest