Нов осомничен за трагедијата во „Пулс“ – сопственикот на агенцијата за обезбедување под истрага за тешки дела против општата сигурност

Истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, се проширува.

Обвинителството отвори постапка против уште едно лице, реален сопственик на агенцијата за обезбедување која дејствувала во клубот без договор и без соодветни безбедносни процедури.

Според обвинителството, осомничениот раководел со целокупното работење на агенцијата од Скопје, која заедно со нејзиниот управител и овластениот претставник од Кочани обезбедувала ред и сигурност во дискотеката без правен основ. Во текот на 2025 година, тие вршеле обезбедување без безбедносна проценка, без план за евакуација, и без проверка на ризик од пожари – директно спротивно на Законот за приватно обезбедување.

Осомничените дозволиле влез на деца, не спречиле пренос и употреба на пиротехнички средства од музичката група, што, според истрагата, директно довело до пожарот и трагедијата.

Врз основа на судска наредба, извршени се претреси на две локации во Скопје и Пробиштип, како и на возилото на осомничениот. Притоа се одземени документи и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода, а обвинителството денеска ќе побара мерка притвор од Основниот кривичен суд во Кочани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното