Шукова во 24 анализа: Излегувањето на Таравари од владата ќе значи парламентарна криза
Каја Шукова од СДСМ во 24 анализа рече дека, излегувањето на Таравари од владата ќе значи парламентарна криза.
Според неа, потребен е сериозен политички пристап на оваа тема. Таа зборуваше и за тоа дека СДСМ се спремни и за предвремени парламентарни избори.
„Се зборува за две опции. Излегувањето на Таравари ќе значи парламентарна криза. Албанскиот блок ќе остане со осум пратенци бидејќи Таравари има пет.Ќе треба сериозно да се гледа на оваа тема и се надеваме дека ќе се донесе одлука. Треба да се реагира побргу. Ние не сме дел од тој дијалог но треба да се реагира. Битно е да се покаже политичка зрелост, ние не го гледаме тоа“, рече Шукова.
Таа објасни и дека СДСМ е спремна за предвремени парламентарни избори.
„Нашиот став е дека ние сме спремни за предвремени парламентарни избори напоредно со локалните ако има таква ситуација. За политичкиот легитимитет ќе кажат граѓаните на локални избори. Се пласираат анкети кои не се реални, не ја покажуваат состојбата. Локалните избори ќе покажат, ние се спремаме со сериозни кандидати и не користиме наративи како ВМРО-ДПМНЕ дека ќе имаме најголема победа“, додаде Шукова.