Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј беше во преговори со дефанзивецот на Вулверхемптон, Нелсон Семедо, но страните не можеа да најдат компромис.
Според „RMC Sport“, францускиот клуб одбил да го ангажира 31-годишниот Португалец поради преголемите барања за плата.
На 1 јули играчот ќе стане слободен играч, бидејќи му истекува договорот со англискиот клуб.
Во сезоната 2024/25, Семедо настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања и забележа пет асистенции. Претходно играше за Барселона и Бенфика. (МИА)