Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 10:16
Бугарија четири месеци има нова редовна влада по одржаните парламентарни избори, а тоа беше еден од условите за прва официјална средба со македонските политички претставници за продолжување на дијалогот за деблокирање на евроинтеграциите.
Засега Бугарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави, според министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.
- Веќе подолг период работиме, за жал, без позитивен фидбек од страна на Бугарија, за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт, Николовски и министерката за финансии, Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел, разјаснување на состојбата и иднината на Коридорот 8, бидејќи тоа е за нас стратешки проект кој сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор – рече Муцунски.
Тој изјавата ја даде по средбата со својот црногорски колега, Ервин Ибрахимовиќ, кој беше во посета на Скопје, велејќи дека дијалог и комуникација меѓу двете земји постои и дека Македонија нема да се откаже од тоа, бидејќи во спротивно би станала соученик во процесот на кочење на евроинтеграцијата на земјата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции има откако Мицкоски спомена дека е можно да воведе данок за немажените и неженетите

ЛАЗАРОВ: Со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си заминат

МВР: Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора

КОСТАДИНОВ: Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз

И ДОМ ПРОТИВ ИДЕЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ДАНОК ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: Oва претставува недозволив и опасен преседан

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Возачот заврши во болница

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Изјавата на Мицкоски претставува закана за основните човекови права

СДСМ ЗА ИДЕЈАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДАНОЦИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: За ваквите мерки нема место ни во земјите од третиот свет

ЈАКИМОВСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: „На секој на оваа планета му ја посакувам оваа среќа да доживее да има внуче“
