
Барселона откри дека Роберт Левандовски заработил повреда на левата препона за време на саботниот натпревар во шпанската Ла Лига, во кој каталонскиот тим со голем пресврт во самата завршница и продолжувањето дојде до победа над Селта, важна во одржувањето на шансите за шампионската победа.
Барселона ја анулираше негативата од 1:3 и победи со 4:3 со голот на Рафиња од пенал длабоко во судиското надополнување. Левандовски излезе од теренот во 78. минута, оставајќи ја водечката Барселона без најдобриот стрелец во Ла Лига, кој постигна 25 гола. Од клубот сѐ уште не соопштуваат колку време ќе останат без полскиот напаѓач.
Во соопштението на клубот се вели: „Тестовите направени во неделата потврдија дека играчот од првата екипа Роберт Левандовски го повредил мускулот во левата препона. Неговото враќање на тренинзите ќе зависи од текот на неговото закрепнување од повредата“.
Барселона во вторник ќе игра против Мајорка во првенствен натпревар, а во сабота ќе се соочи со Реал Мадрид во Купот на кралот.
Каталонците се соочуваат и со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е во Барселона на 30-ти април, а реваншот во Милано на 6-ти мај.