Следете не

Кичево

Вчера на превој Стража се случила сообраќајка, мотоциклист бил тешко повреден при пад од мотор

Објавено пред

на

На 07.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево, пријавено е дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево

Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/tv21

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и ги труе кичевчани. Организаторите и кичевчани уште еднаш ќе пробаат да извршат притисок врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на нашиот долгогодишен проблем, депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар Керамички Комбинат.

Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и советниците на Општина Кичево, да излезат на овој протест и да соопштат што превземале или што ќе превземат за решавање на овој проблем.

Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.

– Протестот според изворот е закажан за денес од 18:00 часот, пред новата зграда на Општина Кичево.

Фејсбук настан – ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“

Објавено пред

на

По успешно реализирани три креативни работилници, следува финалниот настан, кој ќе биде круна на целиот процес. Делата на сите учесници ќе бидат изложени во посебна галактичка атмосфера, придружена со театар, дискусии и астрономија. Следува иницијатива која преку уметност и наука ја обединува младината од различни културни и етнички заедници во Кичево.

International Space Alliance (ISA), во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, успешно го реализира проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”

🗓 Агенда – 22 Мај (Среда)
📍 Национална Установа Центар за Култура „Кочо Рацин”

17:00 – 18:30 ч. (Платото на  НУЦК „Кочо Рацин”)
🚀 Работилница за ракети од пластични шишиња со вода
Водена од Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers

🎫 Пријави се на работилницата за ракети бесплатно – ТУКА

🌍 + Можност за испраќање разгледници во вселената преку Club for the Future на Blue Origin!

18:30 – 19:00 ч. (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин”  )
🗣 Дискусија: „Детските права и Вселената”
со Александар Ташковски, експерт по меѓународно право и прв македонски застапник во меѓународното вселенско право

19:00 – 19:30 ч.
🎓 Инспиративна дискусија: „Истражување надвор од Космосот како студент”
со Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers

19:30 – 20:00 ч.  (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин”)
🎭 Театарска претстава: „Небесни Завеси”

20:15 ч.  (Фоајето на НУЦК „Кочо Рацин”)
🍸 Коктел прием и голема изложба од сите дела креирани од работилниците во фоајето
Изложбата ги прикажува уникатните дела создадени од младите учесници низ сите работилници – спој на уметност, култура и вселенска инспирација.

🔭 Очекуваме присуство и на делегацијата од ОБСЕ – Скопје, како и претставници од Peace Corps.

👨‍👩‍👧‍👦 Сите деца се добредојдени на работилниците и на настанот – во придружба со родител или старател.

/ПР

Прочитај повеќе...

Кичево

„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Објавено пред

на

ФОТО: ©American Public Power Association / unsplash.com

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 13.05 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села од град Кичево:

Планиран прекин КИЧЕВО с.Извор, с.Кленоец, с.Малкоец, с.Попоец, с.Душегубица, с.Иванчишта, с.Ехлоец хпп Ехлоец и Луис Гемстон 13.05.2025 09:30 13.05.2025 14:30
  • Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Мобилни уреди7 часа

Како да го продолжите векот на батеријата на вашиот мобилен уред

Многумина од нас имаат навика да ги оставаат телефоните на полнач преку ноќ, за да можеме да го започнеме денот...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (16 мај)

ОВЕН Денес е поволен ден за вас. Ќе добиете добри резултати од некоја ваша неодамна завршена работа. Вашето здравје ќе...

Скопје9 часа

МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански”...

Македонија11 часа

(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ Сообраќајната...

Македонија17 часа

Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Кичево18 часа

Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (15 мај)

ОВЕН Можеби сите информации што ги имате не секогаш претставуваат сигурни критериуми, но без големи предизвици, нема поголема деловна афирмација....

Кичево1 ден

Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“

По успешно реализирани три креативни работилници, следува финалниот настан, кој ќе биде круна на целиот процес. Делата на сите учесници...

Македонија2 дена

Измена на режим на сообраќај, пат Охрид-Кичево поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е...

Магазин2 дена

iOS 18.5 пристигна: Еве што е ново во најновото ажурирање за iPhone

Apple ја објави новата верзија на својот мобилен оперативен систем – iOS 18.5, која донесува неколку практични подобрувања, нови функционалности...

НАЈЧИТАНИ