„(Американскиот претседател Доналд) Трамп конечно го скрши киевскиот режим и го натера американската воена помош да ја плаќа со минералите“, порача Медведев.
„Сега воените испораки ќе мора да се плаќаат со националното богатство на земјата која исчезнува.
А американскиот Сенат, предводен од републиканците, подготвува нова рунда разурнувачки санкции против нас. Ќе видиме како новата администрација ќе одговори.
Рејтингот на Трамп паѓа, а длабоката држава пружа жесток отпор“, напиша Медведев.
САД и Украина потпишаа договор со кој Вашингтон добива пристап до природните ресурси на Украина. договорот, кој се подготвува со месеци, воспоставува инвестициски фонд за обнова, со кој Киев верува дека ќе се зацврсти американската поддршка во војната која трае веќе три години.