Готово е: Карло Анчелоти се договори со Бразилците!

Карло Анчелоти си подаде рака и ќе ја преземе клупата на репрезентацијата на Бразил. Според информациите, Италијанецот е подготвен за новиот предизвик и тоа набргу. 

Фабрицио Романо сподели дека Анчелоти и Фудбалскиот сојуз на Бразил се договориле соработката да стартува уште од јуни. Најавите дека италијанскиот стручњак ќе ја напушти клупата на Реал уште пред Светското клупско првенство веројатно ќе се исполнат, а промоција на кормилото на Бразилците се очекува набргу. 

Анчелоти и Реал ќе се разделат со пријателски тон, клубот ќе продолжи во нова насока, а тренерот ќе има исто така нов предизвик. 

Во својата кариера Карло Анчелоти работеше во Реџиана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.