УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ЛИТВАНИЈА ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ - Александар Гавриловски е 61 жртва во пожарот

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 14:51
Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во Кочани. Како што потврди министерот за здравство, Арбен Таравари, станува збор за Александар Гавриловски, кој имал само 29 години.
- Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години.
Првично хоспитализиран во Градската општа болница па пренесен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа.
Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти - посочи Таравари.
Тој укажа дека Гавриловски имал изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта...
- Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни - додаде Таравари.
Како што пренесуваат медиумите, Гавриловски веќе три недели е хоспитализиран и третиран од медициснките тимови, но за жал не успеа да се избори по тешките повреди.
Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 лица од кои дел беа пратени на лекување во странство.
Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неготово тело е донесено во Македонија, а утре ќе биде погребан во Кочани.
Фото: ЕПА
Можеби ќе ве интересира
КОЦЕВСКИ ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Oд утре почнува увидот на одбраната во доказите

ОВА ПОЧНУВА НАСКОРО: Ќе има венчавки во „Порта Македонија“

МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО РУБИО: Сојузниците во НАТО треба да потрошат 5 отсто од БДП за одбраната

ДОКТОРКА КАТЕ СИ ЗАМИНУВА, ИАКО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА JA ЗАМЕНИ: Повредените од Кочани се загрижени

ИСЧЕЗНАТИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ НАВОДНО ГО ВИДЕЛЕ КАЈ СЕРТА: Неговата сестра апелира ако некој го забележи да пријави во полиција

МИЦКОСКИ ДО БУГАРИЈА: Имате Комитет во кој членуваат малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците не заслуживме место?

OJO ЈА ОТФРЛИ ПРИЈАВАТА: Друг сертификат по англиски го спаси Бојан Христовски

Краделе во прилепската болница додека финансиска полиција чешлала

ВО ЏЕБОТ НА ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК 32.000 ЕВРА: Јавен обвинител бара притвор за проневерата во прилепската болница
