среда, 18 јуни 2025

Сергеј Шојгу во Северна Кореја разговараше со Ким Џонг Ун за војната во Украина

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, денеска пристигна во Северна Кореја на разговори со лидерот на земјата Ким Џонг Ун, објави руската новинска агенција ТАСС, што е најнов знак за договор меѓу двете земји за војната на Русија во Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува Шојгу и Ким Џонг Ун да разговараат за деталите од договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја, кој Ким и рускиот претседател Владимир Путин го потпишаа во јуни 2024 година.

Тие ќе разговараат и за „прашања од меѓународната агенда, вклучително и за ситуацијата во Украина“, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на рускиот Совет за безбедност.

Шојгу, кој е поранешен руски министер за одбрана, последен пат беше во Пјонгјанг кон крајот на март.

Во април, Кремљ потврди дека севернокорејските војници се борат заедно со Русите за да ги потиснат Украинците од рускиот пограничен регион Курск.

Потоа Путин ги пофали севернокорејските војници кои, како што рече, рамо до рамо со руските борци, ја бранат руската татковина како своја.

На состанокот во Москва со севернокорејскиот министер за државна безбедност Ли Чанг-де, Шојгу рече дека ја смета за подвиг акцијата на севернокорејската армија која заедно со руските сили ја ослободила територијата на Курската област од украинските вооружени сили, пренесе агенцијата Интерфакс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јануари изјави дека украинските сили заробиле двајца севернокорејски војници кои се бореле против руските сили во Курск, што беше прво такво тврдење од Киев откако Северна Кореја испрати илјадници војници да ги поддржат Русите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ