Радио Милева пример и настан за паметење

„Капа доле, кралице!“: Искрена емоција од секој стих отпеан на концертот за Кочани, но на крајот со „Ако утре ме нема“ Тамара направи да боли најсилно! (видео)

„Капа доле, кралице!“: Искрена емоција од секој стих отпеан на концертот за Кочани, но на крајот со „Ако утре ме нема“ Тамара направи да боли најсилно! (видео)

Врвна, достоинствена, емотивна, единствена, кралица … Епитети, кои без задршка беа доделени и можат да и се препишат на Тамара Тодевска која вчеравечер во МКЦ направи концерт за паметење, концерт како ниеден сличен досега.

Вечер која започна со едноминутен молк како знак на почит за оние кои трагично ги загубија животите во несреќата во Кочани, а меѓу нив и колегите на Тамара од ДНК со кои таа беше особено блиска.

Поводот за концертот на 8. Мај не беше нималку забавен, напротив, толку тажен,  со примарна хумана нота што треба да послужи како пример за следење не само за естрадата, туку и како образец за тоа како сите безрезервно треба да подадеме рака кога е потребна помош.

Иако уште од старт кога се понуди да пее хуманитарно, за жал Тамара повторно беше осудена и критикувана, за на крај, преполната сала од стотиците поддржувачи, фанови  и хумани срца, да покажат дека нејзиниот потег беше оној вистинскиот, зашто всушност таа тоа и примарно го работи, извор од каде може да придонесе.

„Тешко без тебе“, „Довидување таго“, „Нејќеш да сум сама“, „Гушни ме“, „Љубов“, „Сино“…. и уште десетина добро познати хитови на Тамара кои оддамна не сме ги слушнале во живо, овој пат звучеа сосема поинаку, многу поемотивно, интимно и подлабоко со нови аранжмани.

Тоа дека Тамара ги чувствува и пее песните со силна емоција и моќна вокална експресија,  буквално се слушаше од секој стих, текстови кои од денешната перспектива се сфаќаат поинаку, силно болат и од нив навираат солзи.

Моќ од вокалот, но моќ и од сценскиот визуелен израз од црниот комплет кој таа го носеше, истиот дело на Александар Ношпал кој наменски  на креацијата додаде еден детаљ во форма на солза. Брошот како главен  акцент изработен од Marc’y handmade  и Љубен Стамениќ поставен кај градите и близу до срцето, беше и симбол на солзите и тагата по трагедијата во Кочани во која животот го загубија 63 лица.

Гостин на концертот беше музичарот Ненад Врзалски од Кочани кој отпеа една песна, а наедно е дел од интернет кампањата „Суппорт Кочани“ преку која Тамара ги донираше сите собрани средства од влезниците.

Во улога на гостин се појави и Гуру Харе кој свиреше на неговата авторска „Љубов“, и на познатата „Гушни ме“ која Тамара своевремено ја отпеа со нејзиниот починат колега и близок другар Влатко Илиевски кој ни случајно не можеше да го изостави од оваа емотивно музичко концертно претставување.

Ја пееја и свиереа и наменски преработената со Роберт Билбилов, „Време за плачење“.

 

На Тамара не и требаше докажување за тоа која е, и како таа пее, едностано само можеше во тие два часа да не вознесе и да демистифицира дека можеме да бидеме горди на тоа што музички поседуваме, а тоа е наше.

Секоја изведба беше како ниедна слична, а крајот пак,  „удри““ толку силно, „разурнувачки“ по емоциите кога Тамара со грутка во грлото почна да ја пее „Ако утре ме нема“ на ДНК. Трубата не звучела потажно, а вокалот толку стегнат од кнедлата која ја гушеше Тамара преплавена од емоции кои не се контролитаат и кријат.

И за крај, овој пат нималку беше до гратисите, со нив, поентата ќе беше изгубена!

фото: Instagram printscreen/tamaratodevska

To top