Лерој Сане понуден на Тотенхем

Германската ѕвезда Лерој Сане е предложен на Тотенхем откако ги одбил условите на Баерн Минхен за продолжување на договорот, пренесува „Скај Спортс“. Иако Баварците активно работат на продолжување на договорите со клучните фудбалери, преговорите со Сане, кои започнаа на почетокот на годинава, засега се без успех.

По промената на агентот, Сане сега е застапуван од познатиот Пини Захави, сè појасно е дека Германецот ја разгледува опцијата да ја напушти „Алијанц Арена“.


Захави, познат по тоа што стои зад голем број мегатрансфери, веќе го понудил својот клиент на неколку врвни клубови, меѓу кои и Тотенхем. Сепак, англискиот клуб сè уште нема дадено официјален одговор.

Сане, кој има 29 години, ја одбил понудата на Баерн за продолжување на договорот, според која требаше да заработува 10 милиони евра годишно, плус уште 5 милиони во бонуси.


Доколку спортскиот директор Кристоф Фројнд не успее да го убеди германскиот репрезентативец да остане, клубот ќе биде приморан да му најде замена.

Во таа насока, Баерн веќе ги разгледува опциите од Премиер лигата. Како можни наследници на Сане се спомнуваат Каору Митома од Брајтон и Коди Гакпо од Ливерпул. Митома е под лупа и на Арсенал, додека трансферот на Гакпо би бил покомпликуван, бидејќи има договор со Црвените до 2028 година.

И покрај неизвесноста околу Сане, Баерн успеа да го продолжи договорот со Џошуа Кимих до 2029 година. Под водство на Венсан Компани, тимот оваа сезона ја врати титулата во Бундеслигата.

Баерн Минхен ќе го започне учеството на Светското клупско првенство на 15 јуни година против Оукленд сити.

- Оглас -

Најнови вести