Србин држел заложници на брод со кокаин, па убил еден од шверцерите- уапсен е (ВИДЕО)

14. 02. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србин држел заложници на брод со кокаин, па убил еден од шверцерите- уапсен е (ВИДЕО)

Шпанската полиција уапси група осомничени шверцери на кокаин на Атлантскиот океан на брод што пловел од Јужна Америка, откако еден од нив, српски државјанин, застрелал и убил колега шверцер, кого потоа го фрлил во морето, а останатите осум ги земал за заложници,соопшти шпанското МВР.

Случајот се случил во ноември минатата година, но поради истрагата до денес се чувал во тајност.

Полицијата за киднапирањето дознала сосема случајно кога добила дојава дека 2,3 тони кокаин од Латинска Америка ќе бидат префрлени на помал брод во близина на Канарските острови.

На видеото кое го објави шпанската полиција се гледа како еден од специјалните агенти се спушта со кабел во скриена дупка на бродот, од која подоцна е извадена поголема количина кокаин, спакувана во пакети.

Се уште не е познат идентитетот на уапсениот Србин.

Припадниците на шпанската полиција со часови преговарале со Србинот, пред тој на крајот да го предаде оружјето и да ги ослободи заложниците.

Сите кои биле во бродот потоа биле приведени, а кокаинот е запленет.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата