На лепливата лента која и била ставена на устата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје имало траги од еден од осомничените, Велибор Манев, кажа денеска на судењето обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска.
Во нејзиното тело бил пронајден и еден куршум. Истиот е боева муниција од 9 милиметри, произведен во 2002 година. Со ист калибар на куршум е убиен и Панче Жежовски.
Обвинителството ќе презентира над 197 докази и има над 10 илјади принт скринови од комуникација преку мобилни телефони.
Претходно беа сослушани 26 сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како е убиена Вања: Вознемирувачки детали од Обвинителството