свет

Цутот на јапонските цреши во Торонто, посебна атракција за жителите и посетителите

Жителите, своите дневни прошетки, средби и моменти за релаксација во овој период од годината преферираат да ги поминуваат на шеталиштето пред библиотеката, а причината е розовата магија на расцветаните цреши

Elena Trenchevska Chekovikj  | 01.05.2025 - Обновена : 02.05.2025
Цутот на јапонските цреши во Торонто, посебна атракција за жителите и посетителите

СКОПЈЕ

Со доаѓањето на пролетта, јапонските цреши што цветаат во паркот пред библиотеката „Робартс“ во Торонто, Канада, привлекуваат голем интерес кај жителите и туристите, кои го посетуваат паркот во сончевите денови, јавува Анадолу.

Жителите, своите дневни прошетки, средби и моменти за релаксација во овој период од годината преферираат да ги поминуваат на шеталиштето пред библиотеката, а причината е розовата магија на расцветаните цреши.

Црешовите дрвја се наоѓаат во парковите и на други локации низ Торонто.

Посетувањето на местата на кои се засадени јапонски цреши е вековна јапонска традиција наречена ханами, јапонски термин за набљудување цвеќиња. Наречени сакура во Јапонија, овие црешови дрвја цветаат кон крајот на април до почетокот на мај.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.