• недела, 06 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

Вашингтон, 31 мај 2025 (МИА) – Сателитските снимки откриваат дека Северна Кореја распоредила објекти кои наликуваат на балони околу оштетениот воен брод, кој минатата недела неуспешно беше претставен. На снимките се гледа како бродот, тежок 5.000 тони, е делумно потопен, а околу него има распоредено бели објекти, најверојатно за негова стабилизација или заштита од извидувачки дронови.

Најновиот севернокорејски брод разорувач на претставувањето на 21 мај, на кое беше присутен и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, имаше дефект, крмата предвреме вплови во морето и смачка дел од трупот.

Ким инцидентот го оцени како криминален чин и го повреди достоинството на Северна Кореја. Тој нареди бродот да биде поправен до крајот на јуни.

Поради инцидентот приведени се четири лица, меѓу кои и главниот инженер на бродоградилиштето. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан