25.8 C
Скопје
19:17 - 31 јули, 2025

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Сандра и Милан Калиниќ се вистински пример дека и по бракот партнерите можат да останат во коректен и пријателски однос

Српскиот актер и водител Милан Калиниќ и неговата поранешна сопруга Сандра се разведоа по 18 години брак.

Документите за спогодбената разделба ги решиле со своите адвокати, а за деталите од нивниот однос и понатаму се зборува.

Иако ѝ ставија крај на љубовта, меѓу поранешните сопружници немаше тешки зборови или јавни кавги, туку со меѓусебна почит тие цивилизирано одлучија секој да тргне по својот пат.

Сандра е таа која наводно инсистира да одржува пријателски односи со поранешниот сопруг, па неодамна го повикала на ручек, а тој ја прифатил поканата.

– Вистина е дека тие имаа турбулентен брак. Затоа на некој начин и одлучија да стават крај и да се засолнат еден од друг. Кога, на пример, ги потпишаа документите за развод, интересно е тоа што ги закопаа и воените секири. Милан е тука за Сандра, а особено таа за него. Неодамна беа на ручек сите заедно и се чинеше како сè да е во најдобар ред. Така и треба да биде. Тие се цивилизирани и културни луѓе на кои семејството и по таа формалност им е на прво место – рекол добро информиран извор, пренесува српски „Курир“.

Како што наголемо се шпекулира, Сандра и Милан решиле да му стават точка на бракот на почетокот на минатата година, кога одлучиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да оди по својот пат.

Милан набрзо го напуштил заедничкиот стан во Вождовац каде живееја со години и веднаш почнал да бара нов стан за себе.

Слични објави

Има коса, јава коњ и прави салто – Нема да го препознаете Милиграм во спот на Вики Миљковиќ од 1994

Еспресо

На денешен ден пред 14 години, Луис трагично го загуби животот: Остави зад себе шест деца и многу хитови, а прекарот што го направи славен го добил по еден уште пославен музичар

Еспресо

(Видео) По Босанац и Десингерица и Зорица Брунцлиќ потпиша: Откриен е третиот член на жирито на „Пинкови ѕвезди“

E.A.

(Фото) Ела Дворник ги испровоцира следбениците со фотките на кои позира во бикини

Еспресо

Снаата на Цеца објави семејна фотографија: Вељко Ражнатовиќ ужива со синовите „Тигри“

Еспресо

(Фото) Поранешната девојка на синот на Дачиќ ги извади силиконите: Се покајала

Еспресо