30 Јуни, 2025
0.0277

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2025 12:04

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов. 

-Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, прашан да ја искоментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски изрази очекување Софија да ја прифати средбата во рамки на состанокот на НАТО во Хаг, и како што истакна, „да се разговара и за Коридорот 8, да тргне и таму работата, да биде и тоа приоритет кај нашиот источен сосед, и како добри соседи да ги градиме нашите меѓусебни односи“.

Бугарскиот претседател Радев синоќа од Тирана порача дека не станува збор за нерешени билатерални односи, за за наметнување вето или за запирање на процесот на интеграција, туку за внатрешни предизвици кои се поврзани со човековите права во Република Северна Македонија. -Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи, рече Радев.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вчера изјави дека  дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути.

Премиерот Мицкоски викендов информираше дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна  и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, во петокот кажа дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг, со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции. 


Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛАВА ДО 39 СТЕПЕНИ: Суптропски Антициклон ќе донесе многу високи температури

НЕДЕЛАВА ДО 39 СТЕПЕНИ: Суптропски Антициклон ќе донесе многу високи температури

Јапонка заврши во болница откако паднала кај Канео

Јапонка заврши во болница откако паднала кај Канео

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Пожар во Јосифово, МВР покрена хеликоптер

Пожар во Јосифово, МВР покрена хеликоптер

Славјанка Петровска треба да му плати на Христијан Мицкоски 23.568 денари казна за клевета

Славјанка Петровска треба да му плати на Христијан Мицкоски 23.568 денари казна за клевета

Ослободен возачот на камион од Македонија по несреќата во Грција во која загинаа татко и син

Ослободен возачот на камион од Македонија по несреќата во Грција во која загинаа татко и син

13-годишник избодел роднина кај Бит Пазар

13-годишник избодел роднина кај Бит Пазар

Протест за спас на Кожуф, реката ќе ја стават во цевка

Протест за спас на Кожуф, реката ќе ја стават во цевка

СДСМ денеска одбележа завршување на пат започнат во нивно време, затоа што утре ќе го пушта Мицкоски

СДСМ денеска одбележа завршување на пат започнат во нивно време, затоа што утре ќе го пушта Мицкоски